Давутоглу: Ако се положи оружјето операции нема да има

Премиерот Ахмет Давутоглу се состана со група новинари од северниот дел на Ирак кои ги информираше за бобата што ја води Турција против тероризмот

326564
Давутоглу: Ако се положи оружјето операции нема да има

Премиерот Ахмет Давутоглу одговараше на критиките во врска со прекуграничните воздушни операции против терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак.

Давутоглу рече: „Ако се положи оружјето операции нема да има“.

Премиерот Давутоглу се состана со група новинари од северниот дел на Ирак кои ги информираше за бобата што ја води Турција против тероризмот.

Истакнувајќи дека Турција е вознемирена од одредени вести кои што се појавуваат во врска со операциите против терористичката организација ПКК, Давутоглу рече: „Овие операции се против тероризмот. Операциите кои што ги реализираме во Ирак не се насочени против Курдите, туку нивна цел претставува терористичката организација ПКК.“

Нагласувајќи го и тоа дека процесот за решение се злоупотребува, премиерот Ахмет Давутоглу подвлече дека доколку вооружените елементи заминат од земјата во Турција нема да се врши операција против никого.“


Тагови:

Слични вести