Кај градот Килис на сириската граница фатени 23 странци

Турските безбедносни сили во населеното место Елбејли кај градот Килис приведоа 23 лица меѓу кои имаше и жени и деца кои сакале да заминат на боиштето во Сирија

323365
Кај градот Килис на сириската граница фатени 23 странци

Во градот Килис фатени 23 лица странски државјани кои по илегални патишта сакале да преминат на сириска страна од границата.

Турските безбедносни сили во населеното место Елбејли кај градот Килис приведоа 23 лица меѓу кои имаше и жени и деца кои сакале да заминат на боиштето во Сирија.

Како што беше установено 23-те лица од руско, украинско, индонезиско и кинеско државјанство сакале да и се приклучат на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Сирија.

Бегалците поминале од лекарска контрола по што биле однесени на сослушување во Управата на полицијата.

Приведените сомнителни лица по судските процедури ќе бидат испратени во Управата за странци од каде што ќе бидат депортирани.


Тагови:

Слични вести