Кукавички терористички напади на ПКК кај Ширнак

Во последните кукавички напади на терористичката организација ПКК во населените места Силопи и Бејтушшебап кај градот Ширнак животот го загубија четворујца полицајци и еден војник

321055
Кукавички терористички напади на ПКК кај Ширнак

Кукавичките напади на терористичката организација ПКК во градот Ширнак одзедоа 5 животи.

При експлозија на поставена мина на крајот на патот во населеното место Силопи кај градот Ширнак која беше активирана со далечинско управување животот го загубија четворујца полицајци, а еден полицаец беше повреден.

Во населеното место Бејтушшебап пак на хеликоптерот Сикорски кој што полета за да ги донесе во Ширнак војниците кои го отслужиле својот воен рок или се враќале од одмор беше отворен оган од страна на терористи на ПКК со рачни минофрлачи и ракетни фрлачи.

Во терористичкиот напад животот го загуби еден војник кој го отслужил воениот рок и се подготвувал да се врати дома.

По кукавичкиот напад хеликоптери од типот Кобра кои полетаа од пограничната команда на 23-тата жандармериска дивизија во Ширнак жестоко ги бомбардираа утврдените места на терористите на ПКК.

Продолжуваат операциите во регионот за неутрализирање на терористите.


Тагови:

Слични вести