Ќе се унапреди економската соработка меѓу Турција и Туркменистан

Ердоган и Бердимухамедов потенцираа на значењето на енергетскиот сектор како значајна димензија во односите меѓу двете земји

319002
Ќе се унапреди економската соработка меѓу Турција и Туркменистан

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул се состана со претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов кој престојува во работна посета на Турција.

На средбата во дворецот Тарабја беа разменети мислења во врска со економските, енергетските и културните прашања како и билатералните односи.

По билатералните средби, претседателите Ердоган и Бердимухамедов претседаваа со разговорите меѓу делегациите на двете земји.

На разговорите на разгледани актуелните прашања на дневниот ред и односите меѓу Турција и Туркменистан. На разговорите учествуваа министрите за надворешни работи на земјава Мевљут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз и министерот за економија Нихат Зејбекчи.

Ердоган и Бердимухамедов на тета тет и билатералните средби и разговори акцентираа на одлучноста за унапредување на економската соработка меѓу двете земји.

Ердоган на средбата изрази благодарност за блискоста и довербата што се покажува кон турските компании, додека Бердимухамедов ја потврди решителноста за учество на Туркменистан во својство на земја партнер на 84-от Меѓународен саем во Измир.

Двајцата лидери потенцираа на значењето на енергетскиот сектор како значајна димензија во односите меѓу двете земји.

На разговорите беше постигната согласност за унапредување и развој на културните односи меѓу двете земји.

Во тие рамки, беше изразено задоволството од реставрацијата на гробот на Султан Сенџер како и желбата за што поскоро окончување на активностите за откривање на гробот на Султан Алпарслан.


Тагови:

Слични вести