Во Ајваџик кај Чанаккале фатени 765 имигранти

Во одделно реализирани операции од страна на жандармеријата и крајбрежната стража беа фатени 765 имигранти кои по незаконски патишта се за грчкиот остров Лесвос-Митилини (Мидилли)

316905
Во Ајваџик кај Чанаккале фатени 765 имигранти

Во населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале фатени 765 илегални имигранти кои се обидувалеа по илегални патишта да заминат за Грција, а оттаму за европските земји.

664 илегални имигранти беа фатени во две одделно реализирани операции на бреговите Бадемли и Сивриџе во населеното место Ајваџик кои се обидувале да заминат за грчкиот остров Лесвос-Митилини (Мидилли).

Оние имигранти кои располагаа со дозволи за слободно движење (статус на бегалци) беа испратени во Измир, а во врска со останатите беа започнати законските процедури за депортирање.

Освен тоа во реализираните операции од страна на жандармериските екипи во населеното место Ајваџик кај Чанаккале во два автобуси беа фатени 101 имигрант кои по незаконски патишта се обидуваа да избегаат во странство.

И за овие имигранти беше установено дека се обидувале да заминат за грчкиот остров Лесвос-Митилини (Мидилли).


Тагови:

Слични вести