Во терористички напади кај Ширнак загинаа тројца војници

Во терористички напад кај градот Ширнак животот загубија двајца војници, а еден војник и еден селски чувар беа повредени, додека во Силопи животот го загуби еден војник, а еден војник беше повреден

315145
Во терористички напади кај Ширнак загинаа тројца војници

Во извршен напад на воено возило од страна на терористите кај Ширнак животот го загубија двајца војници, а еден војник и еден селски чувар беа повредени.

Во близина на селото Араќој кај градот Ширнак во моментот на поминување на воено возило беше експлодирана бомба поставена на патот од страна на терористичката организација ПКК.

По експлозијата терористите отворија оган со рачни минофрлачи и автоматско оружје при што во нападот двајца војници кои се наоѓаа во возилото го загубија животот, а еден војник и еден селски чувар беа повредени.

За фаќање на терористите кои по нападот избегаа беше започната операција во областа поддржана и од воздух.

Во напад на припадници на терористичката организација ПКК со рачни минофрлачи на стражарското место на Командата на 172-та оклопна бригата во Силопи пак, животот го загуби еден војник, а еден војник беше повреден.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го изрази своето сочувство за војниците кои го загубија животот во терористичкиот напад на военото возило кај градот Ширнак, а на повредените војници им посака побрзо оздравување.

Во меѓувреме во градот Хаќќари 3 области беа прогласени за безбедносни зони во времетраење од 15 дена.

Според објавеното соопштение од Губернијата на Хаќќари е донесена забрана за влегување и излегување на цивили во овие 3 безбедносни зони.

Губернијата на Карс исто така соопшти дека со цел заштита на цивилите поради воените операции некои области се прогласени за привремени воени безбедносни зони во времетраење од 15 дена.


Тагови:

Слични вести