Поддршка од ЕУ на борбата на Турција против тероризмот

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оствари телефонски разговор со министерот за ЕУ и главен преговарач Волкан Бозкир

315105
Поддршка од ЕУ на борбата на Турција против тероризмот

Комесарот на Европската комисија одговорен за проширување Јоханес Хан оствари телефонски разговор со министерот за ЕУ и главен преговарач Волкан Бозкир при што ја нагласи силната поддршка на ЕУ на Турција по прашањето на борбата против тероризмот.

Според објавеното соопштение од ЕУ, Јоханес Хан укажувајќи особено помошта на Турција на сириските и ирачките бегалци за која го употребил изразот „чин без преседан“ , истакнал дека Унијата ќе се обиде да ја зголеми поддршката во оваа сфера.

Велејќи дека ЕУ со загриженост ги следи случувањата во последно време во Турција, Хан рекол дека процесот за решение не треба да биде подложен на негативно влијание од оваа состојба.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан нагласил дека Турција има право да води борба против тероризмот и додал дека тероризмот апсолутно треба да се осуди.


Тагови:

Слични вести