Поддршка на борбата на Турција против тероризмот од Катар
На операциите на Турција против терористичките организации ПКК и ДЕАШ (ИДИЛ) пристигна поддршка и од Катар
Катарското министерство за надворешни работи соопшти дека им даваат целосна поддршка на операциите на Турција против терористичките организации ПКК и ДЕАШ (ИДИЛ).
Властите во Доха реагираа и на писменото соопштение на генералниот секретар на Арапската лига Небил ел Араби во кое ја повикува Турција да го почитува територијалниот интегритет на Ирак.
Во објавеното соопштение од министерството за надворешни работи на Катар се вели следното: „Соопштението во име на генералниот секретар на Арапската лига е објавено без советување и без земање на ставовите на земјите членки.“
Во соопштението на катарското министерство за надворешни работи беше додадено и следното: „Катар го продолжува својот став во правец на тоа дека е во целосна солидарност со Турција во однос на одбраната на сопствените граници и преземање на неопходните мерки по ова прашање.“
На операциите кои што Турција ги реализира во последните две недели против терористичките гнезда во Ирак и во Сирија претходно пристигна поддршка и од САД и ЕУ.
Слични вести
