Започна состанок на министрите за надворешни работи на АСЕАН

Чавушоглу на средбите ги информираше колегите за борбата против тероризмот што ја води Турција

314844
Започна состанок на министрите за надворешни работи на АСЕАН

Во Куала Лумпур свечено започна 48-от состанок на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Малезискиот министер за надворешни работи Анифах Аман во поздравниот говор на состанокот рече дека главна тема на состанокот ќе бидат еколошките проблеми поврзани за проширувањето на трговската соработка како и меѓународната борба против тероризмот.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на состанокот рече дека покрај 10 земји членки, учествуваат и претставници на околу 30 земји меѓу кои САД и Русија.

Првиот ден на состанокот, министерот Чавушоглу одржа средби со министрите за надворешни работ на Тајланд, Малезија, Норвешка како и премиерот на Малезија.

Чавушоглу на средбите ги информираше колегите за борбата против тероризмот што ја води Турција како и случувањата во Сирија, Ирак и Палестина.


Тагови:

Слични вести