Претседателот Ердоган направи проценка на случувањата

Во 2013 година ни ветија дека ќе го положат оружјето, но за жал повторно почнаа со терористички напади

313619
Претседателот Ердоган направи проценка на случувањата

По посетата на Кина и Индонезија, претседателот Ердоган замина за Пакистан. Во авионот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите.

На проценките во врска со операциите кои почнаа против сепаратистичките организации ПКК и ДЕАШ, односно дека Турција повторно се врати кон 90-те години, претседателот Ердоган рече:

Веќе нема време за тие периоди. Во 2013 година ни ветија дека ќе го положат оружјето, но за жал повторно почнаа со терористички напади. Државата секако дека не може да остане индиферентна. Секако дека и јас како претседател не можев да останам индиферентен. Која ми е улогата како претседател, јас секогаш сум принуден да ја преземам и спроведам таа улога. Турција веќе не е иста што беше во 90-те. Турција има претседател кој на 10 август 2014 година беше избран со гласовите на граѓаните, рече претседателот Ердоган.

Во освртот на односите меѓу Турција и САД во рамките на операциите против тероризмот, претседателот Ердоган рече дека на 22 јули одржа телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама.

Сето она што го направи сепаратистичко терористичката организација во источна, југоисточна Турција, големите градови, е неприфатливо за една демократска земја и не може да се толерира. Владата и државата секако дека беа принудени да преземат конкретни чекори во борбата против терористичките акции и дејствија. Веќе не остана трпение наспроти немилите случувања. Во врска со операциите што ги презедовме против ДАЕШ и ПКК како и сите терористички центри, навремено ги информиравме сојузниците и инволвираните држави. Целиот свет изрази почитување кон чекорите што ги фрливме, рече претседателот Ердоган.


Тагови:

Слични вести