Започна состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ)

Од денеска (3 август понеделник) до 5 август во среда во Генералштабот под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу ќе се состане Врховниот воен совет (ЈАШ)

311662
Започна состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ)

Се состана Врховниот воен совет (ЈАШ) со кој претседава премиерот Ахмет Давутоглу.

На состанокот што се одржува во Генералштабот освен премиерот Ахмет Давутоглу учествуваат министерот за одбрана Веџди Ѓонул, началникот на Генералштабот генерал на армија Неџдет Озел, командантот на копнените сили генерал на армија Хулуси Акар, командантот на поморските сили адмирал Булент Бостаноглу, командантот на воздушните сили генерал на армија Акин Озтурк, командантот на жандармеријата генерал на армија Абдуллах Атај и вториот началник на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, како и високи воени команданти членови на Врховниот воен совет (ЈАШ).

На состанокот ќе се разговара за прашања за унапредување во повисоки чинови на полковниците, генералите и адмиралите, продолжување на мандатот на генералите и адмиралите и нивно пензионирање, персоналот кој поради недисциплинираност и неморално однесување ќе биде отпуштен од Турските вооружени сили и други прашања кои ги засегаат Турските вооружени сили.

Состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ) ќе заврши на 5 август во среда.

Одлуките кои што ќе бидат донесени на состанокот ќе бидат доставени до претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, а потоа ќе и бидат соопштени на јавноста.

Од друга страна заклучно со овој состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ) им завршува мандатот и началникот на Генералштабот генерал на армија Неџдет Озел, командантот на поморските сили адмирал Булент Бостаноглу, командантот на воздушните сили генерал на армија Акин Озтурк и командантот на жандармеријата генерал на армија Абдуллах Атај.

Ќе биде избрано новото воено раководство на Турција

На состанокот ќе биде избрано новото воено раководство на Турските вооружени сили така што за нов началник на Генералштабот се очекува да биде назначен командантот на копнените сили генерал на армија Хулуси Акар.

На негово место за нов Командант на копнените сили се стои на командантот на првата армија генерал на армија Салих Зеки Чолак и вториот началник на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер.

На местото на командантот на жандармеријата генерал на армија Абдуллах Атај се очекува да биде назначен командантот на егејската армија генерал на армија Галип Менди.

На командантот на поморските сили адмирал Булент Бостаноглу постои можност да му се продолжи мандатот.

Доколку не биде продолжен мандатот на командантот на воздушните сили генерал на армија Акин Озтурк пак, со најголема шанса за оваа должност се оценува генерал на армија.

 


Тагови:

Слични вести