„Турција се наоѓа на мета на тројната маша ДЕАШ, ПКК и ДХКП/Џ"

Премиерот Давутоглу истакна дека Турција се наоѓа на мета на терористичките организации ДЕАШ (ИДИЛ), ПКК и ДХКП/Џ, односно тројната маша како што ги нарече

311722
„Турција се наоѓа на мета на тројната маша ДЕАШ, ПКК и ДХКП/Џ"

Премиерот Ахмет Давутоглу во владиниот дворец на Чанкаја се состана на доручек со претставниците на граѓанските организации од источните и југоисточните делови на земјата.

Во говорот што го одржа во оваа пригода Давутоглу се осврна на процесот за решение и растечките терористички акции.

Давутоглу рече: „Оние кои не со сакаат развојот на братството, националното единство, соживотот и свеста за споделување на заедничка судбина во Турција, со реализација на провокативни акции за време на настаните од Гези злоупотребувајќи го прашањето на зачувување на животната средина предизвикаа да дојде до голема општествена анархија со што го нанесоа најголемиот удар врз процесот за решение.“

Ахмет Давутоглу потцрта дека Турција се наоѓа на мета на терористичките организации ДЕАШ (ИДИЛ), ПКК и ДХКП/Џ, односно тројната маша како што ги нарече.

„Доколку на терористичките организации кои се кренаа велејќи ’ние сме овде’ и ние не го креневме нашиот глас велејќи ’и народот и државата се овде’, и во ист момент не го дадевме потребниот одговор и против ДЕАШ (ИДИЛ) и против ПКК и против ДХКП/Џ во градовите и надвор од границите на Турција, овие терористички организации ќе доведеа до многу поголеми нереди во сите наши градови. Ние ја согледавме таа игра.“ - рече премиерот Ахмет Давутоглу.


Тагови:

Слични вести