Кукавички терористички напади врз војската кај Агри и Мардин

Во самоубиствен терористички напад во Догубајазит кај градот Агри според првични претпоставки животот го загубија двајца војници, а 24 беа повредени, додека во напад со мина кај градот Мардин животот го загуби еден војник, а четворујца беа повредени

311162
Кукавички терористички напади врз војската кај Агри и Мардин

Во самоубиствен напад на терористичката организација ПКК со трактор натоварен со експлозив на жандармериската станица во населеното место Догубајазит кај градот Агри според првични претпоставки животот го загубија двајца војници, а 24 војници беа повредени.

Нападот беше извршен околу 03:00 часот со приближно 2 тони експлозив натоварен на трактор.

Генералштабот остро го осуди нападот.

Во објавеното соопштение на официјалната интернет страница на Генералштабот се вели следното: „Остро ги осудуваме овие подли и кукавички напади извршени од страна на овие убијци и ѕверови кои немаат ништо човечко во себе.“

Од друга страна, во моментот на поминување на воено возило во кое се наоѓаа војници задолжени за обезбедувањето на нафтоводот Ќеркук-Јумурталик во населеното место Мидјат кај градот Мардин, експлодира поставена мина на патот од страна на терористите.

Во експлозијата еден војник го загуби животот, а четворујца беа повредени.

Безбедносните сили започнаа операција за фаќање на напаѓачите.

Во меѓувреме, во објавеното соопштение од Губернијата на градот Мардин беше истакнато дека повредените војници се вон животна опасност и дека нивното лекување во болницата каде што беа префрлени по нападот продолжува.

Во истото соопштение беше додадено и следното:

„Непрестано ќе продолжат нашите активности за фаќање на терористите извршители на овој кукавички напад и за воспоставување на спокојството и безбедноста на нашите граѓани.“

 


Тагови:

Слични вести