Претседателот Ердоган ја заокружи посетата на Индонезија

Претседателот Р. Т. Ердоган во текот на вчерашниот ден од своите разговори во Џакарта го прими индонезискиот потпретседател Јусуф Кала, а се состана и со третиот претседател на оваа земја Јусуф Хабиби

310397
Претседателот Ердоган ја заокружи посетата на Индонезија

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ја заврши посетата на Индонезија, втората станица од неговата Блискоисточна турнеја во чии рамки претходно престојуваше во посета и на Народна Република Кина.

Ердоган во текот на вчерашниот ден ги продолжи своите разговори во Џакарта во чии рамки го прими индонезискиот потпретседател Јусуф Кала, а се состана и со третиот претседател на оваа земја Јусуф Хабиби.

Претседателот Ердоган на враќање од Индонезија наврати и во Пакистан каде што на аеродромот во Исламабад се состана со премиерот Наваз Шериф.

По свечениот ручек што од страна на Наваз Шериф беше приреден во негова чест, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се врати во земјата.


Тагови:

Слични вести