Поддршка од Германија на Турција

Поддршка на борбата што ја води Турција против терористичките организации пристигна и од германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер

311148
Поддршка од Германија на Турција

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер истакна дека неговата земја ја поддржува Турција по прашањето на борбата против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) и нејзините напори во процесот за решение.

Штајнмајер во изјавата за весникот „Билд“ рече: „Би можел да размислувам за одмор во Турција. Ионака во моментов проблематични места се оние на границата со Сирија и Ирак, а не на туристичките одморалишта. Ионака во моментов голем број од мојот персонал и моите помошници своите одмори ги поминуваат во Турција.“

Велејќи дека состојбата на југоисточните граници на Турција е опасна во доволен степен поради тоа што терористичките организации ДЕАШ (ИДИЛ), ПКК и силите лојални на Асад се опремени со тешко оружје, германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер нагласи дека Турција природно располага со одговорност за одбрана на сопствените граѓани.


Тагови:

Слични вести