Куртулмуш говореше на Светскиот конгрес на кримските Татари

Вицепремиерот Нуман Куртулмуш рече дека Крим е окупиран незаконски и спротивно на меѓународното право и дека Турција не ја прифаќа оваа незаконска анексија

310743
Куртулмуш говореше на Светскиот конгрес на кримските Татари

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш учествуваше на Светскиот конгрес на кримските Татари што се одржува во Анкара.

Во говорот што го одржа на конгресот Куртулмуш рече дека Крим е окупиран незаконски и спротивно на меѓународното право, по што додаде дека Турција не ја прифаќа оваа незаконска анексија.

Нуман Куртулмуш укажа и на тоа дека историјата на Крим од една страна е историја на болките, тагата, прогонството, притисокот и зулумот, а од друга историја и на судирот и борбата.

Велејќи дека Турција со сите нејзини организации и институции води обиди за обезбедување на потребите на кримскиот народ, потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш рече: „Ние ќе направиме се што е во наши раце за обезбедување на сите неопходни потреби на кримскиот народ од изградба на училишта и месџиди (џамии) до реализација на неопходните социјални проекти.“


Тагови:

Слични вести