Заврши третата рунда на преговори за формирање коалициона влада

Главна тема на средбите на делегациите беше економијата

309027
Заврши третата рунда на преговори за формирање коалициона влада

Во рамките на преговорите за формирање нова коалициона Влада, заврши третата рунда на преговори меѓу делегациите на Партијата за правда и развој (АКП) и Републиканската народна партија (ЏХП).

Главна тема на средбите на делегациите беше економијата.

По осумчасовната средба, беа подвлечени членовите околу кои беше постигнат консензус.

Министерот за култура и туризам Омер Челик, рече дека постигнале консензус околу тоа дека демократските реформи и економската трансформација се процеси кои меѓусебно се комплементарни.

Потпретседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Халук Коч рече дека на економските проблеми треба да се гледа од заедничката призма на поимите демократија, демократизација, правна држава и дека на разговорите беше изнесено заедничко мислење за потребата за остварување структурни реформи.

Четвртата рунда на преговори ќе се одржи утре во Големото национално собрание на Турција.

Последната рунда на преговори меѓу делегациите се планира да се одржи во понеделник и да се определат членовите околу кои е и не е постигната согласност.

По доставувањето на содржината на преговорите и постигнатиот консензус околу членовите на договорот до претседателите на двете партии, постепено ќе почне да се разјаснува одговорот на прашањето: дали ќе може да се формира коалициона влада меѓу партиите АКП и ЏХП?


Тагови:

Слични вести