Поддршка на операциите на Турција од Австрија

Портпаролот на министерството за надворешни работи Танжу Билгич истакна дека Мевлут Чавушоглу и неговиот австриски колега Себастијан Курз оствариле телефонски разговор

310093
Поддршка на операциите на Турција од Австрија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со својот австриски колега Себастијан Курз.

Изјава во врска со телефонскиот разговор пристигна од портпаролот на министерството за надворешни работи Танжу Билгич кој истакна дека двајцата шефови на дипломатии разговарале за актуелните случувања во Сирија и прашања во врска со борбата против тероризмот.

Билгич рече дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го информирал својот австриски колега Себастијан Курз за мерките кои што се преземаат во борбата против терористичките организации ДЕАШ (ИДИЛ) и ПКК и операциите што се водат против истите.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Танжу Билгич истакна дека австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курз ја изнел поддршката на неговата земја на Турција на мерките што ги презема поради терористичките напади, а ја истакнал и потребата од продолжување на процесот за решение.


Тагови:

Слични вести