Остра реакција од МНР на Турција против Ирачката влада

Во објавеното соопштение на министерството се вели дека задграничните операции во северниот дел на Ирак се реализираат во рамките на меѓународното право

309956
Остра реакција од МНР на Турција против Ирачката влада

Од страна на министерството за надворешни работи на Турција беа упатени остри изјави на сметка на ирачката влада која реагираше на задграничните воени операции на Турските вооружени сили против терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на министерството се вели дека ставот на ирачката влада по ова прашање предизвика разочарување, по што се нагласува дека задграничните операции се реализираат во рамките на меѓународното право.

Освен тоа во соопштението се наведува слабоста на ирачката влада во одбраната на својот територијален интегритет, по што се додава следното:

„Не е можно ниту да се разберат ниту пак да се прифатат реакциите поради операциите кои што нашата земја ги реализира против терористичката организација ПКК, од страна на владата на една земја на која една третина од териториите се под контрола на терористичка организација и која не може да ја воспостави контролата на своите граници.“

Инаку, ирачкиот премиер Хајдар Ел Ибади покажа реакција на задграничните операции на Турција во северниот дел на Ирак и во својата порака преку Твитер го напиша следното: „Воздушните напади кои што ги реализира Турција на териториите на Ирак освен тоа што создаваат опасна затегнатост, претставуваат и закана против територијалниот интегритет на Ирак.“


Тагови:

Слични вести