МНР на Турција го осуди Израел

Турското министерство за надворешни работи ги осуди последните одлуки на израелската влада за изградба на нови доселенички станови на Западниот брег и во Источен Ерусалим

309339
МНР на Турција го осуди Израел

Министерството за надворешни работи на Турција ги осуди последните одлуки на Израел за продолжување на активностите за илегалните населени места и изградба на нови доселенички населби на окупираните палестински територии.

Во објавеното соопштение од министерството за надворешни работи се вели следното: „Не е можно да се прифатат овие активности на Израел кои и наштетуваат на перспективата за решение со две држави и кои се во спротивноста со меѓународното право.“

По донесената одлука од страна на израелскиот Врховен суд за рушење на две згради во еврејското населено место Беит Ел на Западниот брег, израелската влада минатиот ден ја одобри изградбата на 300 нови станови во истата населба. Освен тоа израелската влада донесе одлука да се подготви план за изградба на уште 500 нови станови и во Источен Ерусалим.


Тагови:

Слични вести