Во кукавички напад кај Ширнак животот го загубија тројца војници

Генералштабот објави соопштение во кое се истакнува дека утрово во кукавички терористички напад животот го загубија тројца војници

308115
Во кукавички напад кај Ширнак животот го загубија тројца војници

Во извршен кукавички напад од страна на терористи во населеното место Акчај кај градот Ширнак живото го загубија тројца војници.

Соопштение во врска со терористичкиот напад пристигна од Генералштабот во кое се вели следното:

„Утрово во 09:10 часот од страна на група терористи беше извршен вооружен напад со автоматско оружје врз безбедносните сили кои ја воспоставуваа безбедноста на конвојот во кој се наоѓаа војници кои се враќаа од одмор во своите единици во Ѓормеч и Сеслиџе кај градот Ширнак. Во кукавичкиот напад животот го загубија тројца војници и тоа еден офицер, еден десетар и еден војник. По терористичкиот напад во областа се испратени беспилотно летало, хеликоптери и командоски тимови. Во операцијата беше неутрализиран еден терорист.“

Во соопштението на Генералштабот се истакнува дека ќе продолжат операциите против терористите, а во врска со тројцата војници кои го загубија животот се наведува следното: „До нивните ценети семејства и нивните блиски, припадниците на Турските вооружени сили и нашиот честит народ го доставуваме нашето сочувство и посакуваме трпение.“


Тагови:

Слични вести