Поддршка на борбата на Турција против тероризмот и од Кина

Кинеската управа го изрази задоволството од операциите кои што ги води Турција против терористичките организации ДЕАШ (ИДИЛ) и ПКК

307307
Поддршка на борбата на Турција против тероризмот и од Кина

На борбата на Турција против териоризмот пристигна поддршка и од Народна Република Кина.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој престојува во офциијална посета на Кина се состана со својот кинески колега Кси Џинпинг во чии рамки кинеската управа го изрази задоволството од операциите кои што ги води Турција против терористичките организации ДЕАШ (ИДИЛ) и ПКК.

Двете земји исто така одлучија да бидат во соработка и по прашањето на регионалниот и глобалниот тероризам.


Освен тоа на средбата на двајцата лидер Ердоган и Џинпинг беше поставена целта за зголемување на обемот на трговската соработка помеѓу Турција и Кина на 100 милијарди долари. Уште еднаш беше нагласено значењето на проектот „Пат на свилата“.

Беше одлучено да продолжат и техничките преговори по прашањето на системите за противвоздушна одбрана кои што Турција планира да ги купи од Кина.


Тагови:

Слични вести