Ердоган учествуваше на Турско-кинескиот бизнис форум

Претседателот Ердоган заедно со кинескиот претседател Кси Џинпинг учествуваше на Турско-кинескиот бизнис форум

308780
Ердоган учествуваше на Турско-кинескиот бизнис форум

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ја продолжува својата официјална посета на Народна Република Кина.

Претседателот Ердоган заедно со кинескиот претседател Кси Џинпинг учествуваше на Турско-кинескиот бизнис форум.

Во говорот што го одржа на форумот Ердоган привлече внимание на дефицитот во трговската размена помеѓу двете земји на штета на Турција и рече: „Големо значење во намалувањето на овој дефицит имаат инвестирањата на Кина во Турција.“

Упатувајќи повик до стопанствениците и на двете земји за заедничко активирање на можностите, Ердоган укажа и на тоа дека трговијата помеѓу двете земји треба да се одвива со нивните национални валути.

Претседателот Ердоган за кинескиот телевизиски канал ССТВ кој емитува на англиски јазик направи проценка на состојбата во односите помеѓу двете земји.

Осврнувајќи се на значењето на односите помеѓу Турција и Народна Република Кина, Ердоган рече: „Овде сме со надеж да бидат фрлени одредени многу значајни чекори на 45-та годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Турција и Кина.“

Во меѓувреме, претседателот Ердоган во рамките на своите разговори во Пекинг се состана и со претставниците на Исламската заедница на Кина.

Притоа истакнувајќи дека на средбата претставниците на Исламската заедница на Кина побарале да бидат изградени 35 илјади џамии и да бидат обучени или испратени 40 илјади верски службеници Ердоган рече дека тоа претставува понос и гордост за Турција.


Тагови:

Слични вести