Во Егејското Море кај Ајвалик фатени 166 илегални имигранти

Екипите на крајбрежната стража во Егејското Море во близина на Ајвалик фатиле 166 илегални имигранти кои се обидувале да заминат за грчкиот остров Лесвос-Митилини (Мидилли)

307287
Во Егејското Море кај Ајвалик фатени 166 илегални имигранти

Во Егејското Море во близина на населеното место Ајвалик кај градот Баликесир беа фатени 166 илегални имигранти кои по незаконски патишта се обидуваа да избегаат во странство.

Екипите на крајбрежната стража кои патролирале по Егејското Море во две одделни гумени чамци забележале илегални имигранти кои се обидувале да заминат за грчкиот остров Лесвос-Митилини (Мидилли).

166-те имигранти со сириско и авганистанско државјанство биле качени на чамците на крајбрежната стража и однесени во населеното место Ајвалик.

Илегалните имигранти по здравствената контрола им биле предадени на надлежните на полициската управа во Ајвалик.

 


Тагови:

Слични вести