Во анти-терористичките операции приведени 1302 лица

Во соопштението на владиниот центар за координација се вели дека во реализираните операции во 39 градови во земјата биле приведени 1302 лица

306651
Во анти-терористичките операции приведени 1302 лица

Владиниот центар за координација објави соопштение во врска со последната состојба во операциите против терористичките организации.

Во соопштението се вели дека во реализираните операции во 39 градови во земјата биле приведени 1302 лица.

Во истото соопштение се истакнува дека во текот на ноќта помеѓу 28 и 29 јули против терористичката организација ПКК била реализирана воздушна операција „Жандармериски мајор Арслан Кулаксиз“.

Притоа во операцијата биле погодени засолништа и слични градби на терористичката организација во Зап, Метина, Гара, Авашин-Басјан, Хакурк и Кандил во северниот дел на Ирак.

Внатре во границите на земјата пак, од страна на припадниците на полицијата и единиците на Командата на жандармеријата биле реализирани операции во 39 градови и во текот на истите биле приведени 1302 лица.

На крајот од соопштението се потсетува дека вчера се одржа вонреден состанок на НАТО по кој беше објавено соопштение во кое стои дека Сојузот е во цврста солидарност со Турција.


Тагови:

Слични вести