Собранието на Турција одржа вонреден состанок
Собранието одржа вонреден состанок на кој го отфрли предлогот на Републиканската народна партија (ЏХП) за формирање собраниска комисија за истражување на прашањето со тероризмот
Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) одржа вонреден состанок посветен на терористичките настани.
Предлогот поднесен од страна на Републиканската народна партија (ЏХП) за формирање собраниска комисија за истражување на прашањето со тероризмот не беше прифатен.
Вонредниот состанок започна во 15 часот според турско време.
На дневен ред на вонредниот состанок со кој претседаваше потпретседателката на Собранието Шафак Павеј беше поставен предлогот во врска со терористичките настани.
Во име на Владата говореше потпретседателот на Владата Булент Аринч.
Потоа своите ставови од говорницата ги изнесоа претставниците на четирите политички партии.
На вонредниот состанок повремено дојде и го покачување на тензијата.
По излагањата се премина на гласање при што беше отфрлен предлогот за формирање собраниска комисија за истражување на прашањето со тероризмот.
Слични вести
