Безбедносен аларм на сириската граница

4 области во Килис на границата со Сирија се прогласени за специјални безбедносни области во времетраење од 7 дена

305785
Безбедносен аларм на сириската граница

Губернијата на Килис одлучи 4 области на границата со Сирија да бидат прогласени за специјални безбедносни области во времетраење од 7 дена.

Во објавеното писмено соопштение од губернијата се истакнува дека одлуката е донесена за поддршка на безбедносната состојба на сириската граница во последните денови, обезбедување на животната и имотната безбедност на граѓаните и за елиминирање на евентуалните закани и опасности.

Во соопштението се вели дека примената на ќе започне на 30 јули во 13 часот и ќе трае до 5 август во 13 часот.

Губернијата на Килис претходно исто така одлучи две области на границата со Сирија да бидат прогласени за специјални безбедносни области во времетраење од 5 дена.


Тагови:

Слични вести