Во анти-теростичките операции приведени 1050 лица

Во реализираните анти-терористички операции во 34 градови во земјата беа приведени 1050 лица за кои е установена поврзаност со различни терористички организации

304223
Во анти-теростичките операции приведени 1050 лица

Продолжува борбата против тероризмот како внатре во земјата така и преку границата.

Во објавеното соопштение од владиниот центар за координација се истакнува дека во реализираните анти-терористички операции во 34 градови во земјата беа приведени 1050 лица за кои е установена поврзаност со различни терористички организации.

Во соопштението се вели дека продолжуваат операциите против терористичките организации ДЕАШ (ИДИЛ, ПКК и ДХКП/Џ во границите на земјата и надвор од земјата.

Во тие рамки се истакнува дека во реализираната воздушна операција на 26 јули биле погодени бункери, засолништа, магацини, логистички места и пештери на терористичката организација ПКК, а биле уништени и модерно и класично оружје и муниција на истата.

Во соопштението од владиниот центар за координација се нагласува дека без да се прави никаква разлика со решителност ќе продолжи борбата против терористичките закани како внатре во земјата така и преку границата.


Тагови:

Слични вести