Владата направи проценка на актуелните случувања

Главна точка на дневниот ред на синоќешната владина седница беа анти-терористичките операции против ДЕАШ (ИДИЛ), ПКК и ДХКП/Џ

304225
Владата направи проценка на актуелните случувања

Синоќа во владиниот дворец на Чанкаја се одржа состанок на Владата под претседателот на премиерот Ахмет Давутоглу.

Главна точка на дневниот ред на состанокот беа анти-терористичките операции против ДЕАШ (ИДИЛ), ПКК и ДХКП/Џ.

Притоа беше направена проценка на дополнителните мерки кои што се преземаат во рамките на борбата против тероризмот како во границите на земјата , така и надвор од земјата, преку границата.

Освен тоа владиниот центар за координација ја информираше владата за активностите што се водат.

На состанокот беа преразгледани и работите кои што би можеле да се реализираат во Собранието кое утре ќе одржи своја вонредна седница, а исто така беа направени проценки и во врска со повикот на Турција за одржување вонреден состанок на НАТО кој е планиран за денеска.

На владината седница освен прашањето со борбата против тероризмот и анти-терористичките операции кои што се во тек беше разговарано и за точката до која е дојдено во работите за фомирање на коалициона влада.

 


Тагови:

Слични вести