Се наближува состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ)

За нов началник на Генералштабот се очекува да биде назначен командантот на копнените сили генерал на армија Хулуси Акар

305686
Се наближува состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ)

Состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ) ќе се одржи под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу од 3 до 5 август.

На состанокот ќе биде избрано новото воено раководство на Турските вооружени сили.

Началникот на Генералштабот генерал на армија Неџдет Озел по четиригодишниот мандат ќе замине во пензија.

За нов началник на Генералштабот се очекува да биде назначен командантот на копнените сили генерал на армија Хулуси Акар.

На негово место за нов Командант на копнените сили се стои на командантот на првата армија генерал на армија Салих Зеки Чолак и вториот началник на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер.

Поради тоа што му истекува должноста во пензија ќе замине и командантот на жандармеријата генерал на армија Абдуллах Атај на чие место се очекува да биде назначен командантот на егејската армија генерал на армија Галип Менди.

На командантот на поморските сили адмирал Булент Бостаноглу постои можност да му се продолжи мандатот.

Доколку не биде продолжен мандатот на командантот на воздушните сили генерал на армија Акин Озтурк со најголема шанса за оваа должност се оценува генерал на армија Абидин Унал, командант на борбените воздушни сили и воздушна и ракетна одбрана.


Тагови:

Слични вести