„Операциите против тероризмот ќе продолжат со решителност"

Претседателот Ердоган пред да отпатува за Кина одржа прес конференција на која се осврна на терористичките настани кои што се случуваат во последните денови

305031
„Операциите против тероризмот ќе продолжат со решителност"

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во врска со операциите против терористичките организации како што се ДЕАШ (ИДИЛ) и ПКК рече дека тоа претставува процес кој што ќе продолжи со решителност.

Претседателот Ердоган пред да отпатува во официјална посета на Народна Република Кина одржа прес конференција на која се осврна на терористичките настани кои што се случуваат во последните денови и притоа истакна дека операциите против терористичките организации ќе продолжат со решителност.

„Не е можно да се продолжи со процес за решение во оваа земја со оние кои посегнуваат против нашето национално единство и нашето братство. Она од кое што имаме потреба е националното единство и братството. Државата Република Турција располага со сила да ја бара сметката за крвта на загинатите од сите оние таканаречени политичари, таканаречени интелектуалци и таканаречени граѓански организации.“

Правејќи проценка на повикот што неодамна пристигна од претседателот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели за забранување на Демократската партија на народите (ХДП), претседателот Ердоган истакна дека забранувањето на една политичка партија не го оценува за праведно, но додаде дека треба да се укине имунитетот на функционерите на партиите.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во однос на формирањето на безбедносна зона на границата со Сирија го рече следното: „Најпрвин турско-сириската граница треба да се исчисти од тероризмот и дури потоа да се формира безбедносна зона.“


Тагови:

Слични вести