„Турција очекува заедничка солидарност од своите сојузници"

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Турција очекува заедничка солидарност од своите сојузници по прашањето на борбата против тероризмот

304120
„Турција очекува заедничка солидарност од своите сојузници"

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција очекува заедничка солидарност од нејзините сојузници во НАТО во врска со терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) како заедничка закана.

Чавушоглу одржа заедничка прес конференција со својот португалски колега Руи Мачете.

Притоа правејќи проценка на случувањата во последните денови, Чавушоглу рече: „Како резултат на терористичките напади загубивме 32-јца наши граѓани и еден војник.“

Истакнувајќи дека Турција вложува искрени напори во процесот за решение, Чавушоглу рече дека не е можно да се прифатат акциите кои што ги изврши терористичката организација ПКК во последните денови.

Критикувајќи го и ставот на Демократската партија на народите (ХДП) пред настаните, Чавушоглу истакна дека функционерите на оваа партија треба да се одлучат помеѓу демократијата и тероризмот.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така подвлече дека во врска со реализираните прекугранични операции во северниот дел на Ирак и во Сирија биле информирани и ОН и НАТО, по што додаде дека Турција очекува заедничка солидарност од своите сојузници.


Тагови:

Слични вести