Турција го повика НАТО на вонреден состанок

Турција упати повик до НАТО за вонреден состанок посветен на операциите против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ)

347422
Турција го повика НАТО на вонреден состанок

Турција го повика НАТО на вонреден состанок за операциите против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Во објавеното соопштение од министерството за надворешни работи на Турција се истакнува дека се преземени потребните мерки по терористичките напади кои што беа доживеани во последните денови во земјата и дека по овие напади се реализираат операции од страна на Турските вооружени сили.

Во соопштението се вели дека во овие рамки се доставени неопходните информации до Советот за безбедност на ОН и дека исто така се доставуваат и реализираат и потребните информации и иницијативи и кај останатите меѓународни организации.

Во соопштението се додава и следното: „По овие последни напади и закани против нашата национална безбедност, со цел информирање на нашите сојузници во врска со мерките кои што ги преземаме и операциите што ги реализираме против тероризмот во склопот на членот 4 од Северно-атлантскиот Договор го повикавме Советот на НАТО на состанок во текот на неделата.“

Како што се наведува вонредниот состанок на Алијансата под претседателство на Генералниот секретар Јенс Столтенберг се планира да се одржи утре (28 јули во вторник).

Во меѓувреме, пристигна изјава и од Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој истакна дека членките на Сојузот мошне одблизу ги следат случувањата и се во солидарност со Турција.

Велејќи дека лично е на мислење оти барањето на Турција за вонреден состанок е многу точна и навремена одлука, Столтенберг рече: „На состанокот ќе разговараме за хаосот и нестабилноста во Сирија, Ирак, опкружувањето на овие две земји и за границите на Турција кои воедно се и граници на НАТО.“


Тагови:

Слични вести