Собранието ќе одржи вонредна седница за тероризмот

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) утре ќе одржи вонредна седница со единствена  точка на дневен ред тероризмот

304117
Собранието ќе одржи вонредна седница за тероризмот

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) утре ќе се состане на вонредна седница со единствена точка на дневен ред тероризмот.

Претседателот на Собранието Исмет Јилмаз поканата за вонредна седница ја испрати до собраниските групи на четирите политички партии кои се претствувани во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

На вонредната седница затворена за медиумите ќе се дискутира за предлогот на Републиканската народна партија (ЏХП) за истражување на последните терористички настани.

Партијата за националистичко движење (МХП) се противи на формирање собраниска комисија за истражување по прашањето на тероризмот, на што не гледа позитивно и Партијата за првада и развој (АКП).

Во претходниот мандат на Собранието беше формирана комисија за истражување по прашањето на процесот за решение при што беше подготвен обемен извештај и во врска со тероризмот.

Вонредната седница на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) ќе започне утре (29 јули, среда) во 15 часот според турско време.


 


Тагови:

Слични вести