Турција ја осуди одлуката на Белгија за настаните од 1915 година

Министерството за надворешни работи на Турција ја осуди усвоената одлука во белгискиот парламент во врска со настаните од 1915 година

347034
Турција ја осуди одлуката на Белгија за настаните од 1915 година

Турција остро ја осуди одлуката што беше усвоена во белгискиот парламент во врска со настаните од 195 година.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека со оваа одлука Турција уште еднаш беше неправедно обвинувана од страна на Белгија, беа искривоколчени историските вистини и беше негирана правдата.

Во соопштението се вели дека остро се осудува оваа одлука со која се негира меморијата на турскиот народ и се додава следното: „Со оваа одлука е формирана последната алка од активностите преобразени во кампања во правец на зацрнување на турскиот идентитет и турската историја.“

„Овие одлуки се дочекуваат со жалење и од страна на турската заедница во Белгија, поради што тоа влијае длабоко и на односите на Турција со оваа земја.“ – се подвлекува во соопштението на турското министерство за надворешни работи.


Тагови:

Слични вести