Турски воени авиони Ф-16 бомбардираа цели на ДЕАШ во Сирија

3 воени авиони од типот Ф-16 кои полетаа од Дијарбакир ги бомбардираа позициите на терористичката ДЕАШ (ИДИЛ) во Сирија

384576
Турски воени авиони Ф-16 бомбардираа цели на ДЕАШ во Сирија

Воени авиони Ф-16 во сопственост на Турските вооружени сили реализираа операција на претходно утврдени цели на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Сирија.

Во објавеното соопштение од Владиниот центар за координација се истакнува дека 3 воени авиони Ф-16 кои полетале од Дијарбакир бомбардираа два штаба и еден центар за собирање на терористичката организација, по што се вратиле во својата база.

Во соопштението се вели дека одлуката за операција врз цели на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) на територијата на Сирија била донесена на синоќешниот специјален безбедносен состанок.

Во истото соопштение се додава и следното: „Република Турција е одлучна да ги преземе потребните мерки за одбрана на својата национална безбедност.“


Тагови:

Слични вести