Специјален безбедносен состанок во владиниот дворец на Чанкаја

На синоќешниот специјален безбедносен состанок во владиниот дворец на Чанкаја беше направена детална проценка на нападите што ги извршија терористичките организации ДЕАШ (ИДИЛ) и ПКК во последните денови во Турција

384627
Специјален безбедносен состанок во владиниот дворец на Чанкаја

Синоќа под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу се одржа специјален безбедносен состанок во владиниот дворец на Чанкаја.

На состанокот беше направена детална проценка на нападите што ги извршија терористичките организации ДЕАШ (ИДИЛ) и ПКК во последните денови во Турција.

Во објавеното писмено соопштение по состанокот беше истакнато дека биле преиспитани преземените мерки против крволочните напади во кои животот го загубија голем број цивили и припадници на безбедносните сили.

Во соопштението се вели дека било одлучено да продолжат да се применуваат со претпазливост сите видови мерки за зачувување на јавниот ред и националната безбедност, како и интензивно да бидат ставени во примена останатите неопходни мерки по ова прашање.


Тагови:

Слични вести