Ернст: Турција фрли значајни чекори против ДЕАШ

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст рече дека Турција фрли значајни чекори за земање под контрола на премините на странските борци

384580
Ернст: Турција фрли значајни чекори против ДЕАШ

Додека продолжуваат дискусиите околу тоа дали во остварениот телефонски разговор помеѓу претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Барак Обама било поставено на дневен ред употребата на воената база Инџирлик, јасна изјава по ова прашање не пристигна ниту од Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст не одговараше на поставените прашања во врска со овие дискусии, а како што рече поради „специфични операционални безбедносни грижи“.

Ернст се задоволи само со употреба на изразот „во разговорот двајцата лидери постигнаа согласност за продлабочување на соработката против ДЕАШ.“

Џош Ернст привлече внимание дека Турција во моментов вложува напори за поддржување на коалицијата против ДЕАШ и е домаќин на програмата обучувај и опреми за сириските опозиционери.

Укажувајќи и на тоа дека Турција фрли значајни чекори за земање под контрола на премините на странските борци, портпаролот Ернст подвлече дека во спречувањето на овие премини им претстои одговорност на сите земји, а не само на Турција.

Ернст истакна дека последните случувања долж јужната граница на Турција создаваат загриженост и дека САД ги сфаќаат овие грижи.

Осврнувајќи се и на напорите на Турција за доставување хуманитарна помош, портпаролот на Белата куќа Џош Ернст го употреби изразот „Турција носи огромен товар по ова прашање“.


Тагови:

Слични вести