Анти-терористички операции во 16 градови во Турција

Турските безбедносни сили реализираа анти-терористички операции во Истанбул и во уште 15 други градови во земјата на чело со главниот град Анкара

384825
Анти-терористички операции во 16 градови во Турција

Турските безбедносни сили изутринава започнаа анти-терористички операции поддржани и од воздух против терористичките организации ДЕАШ (ИДИЛ), ПКК, ДХКП/Џ и младинскиот огранок на ПКК, ЈДГ/Х во голем број населби на Истанбул и во уште 15 други градови во земјата на чело со главниот град Анкара.

Во операциите во Истанбул се приведени 297 лица, а во населбата Багџилар една жена член на терористичката организација ДХКП/Џ беше убиена во вооружена престрелка со полицијата.

Полициските екипи на Одделот за борба против тероризмот при полициската управа на Истанбул реализираа едновремени анти-терористички операции во 26 населби на чело со Багџилар, Ќучукчекмеџе, Башакшехир, Ејуп, Султангази, Газиосманпаша, Саријер, Ќагитхане и Бејоглу.

Во операциите учествуваа приближно 10 илјади полицајци.

Во рамките на операциите поддржани и од полициски единици од Бурса, Едирне и други околни градови беа извршени упади на 140 адреси.

Безбедносните сили на Одделот за борба против тероризмот во Анкара реализираа операции на 12 одделни адреси. Притоа во операциите беа приведени 14 лица за кои било установено дека се поврзани со терористичките организации ПКК и ДЕАШ (ИДИЛ).

Во операциите во градот Измир беа приведени 18 лица.

Во населените места Џејланпинар, Суруч и Вираншехир кај градот Шанлиурфа исто така беа реализирани едновремени операции на 49 адреси.

Во операциите беа приведени 35 лица.


Тагови:

Слични вести