Во Ајваџик кај Чанаккале фатени 325 илегални имигранти

Во реализираната операција во Ајваџик кај градот Чанаккале беа фатени 325 илегални имигранти кои се подготвувале да заминат за грчкиот остров Митилини (Мидилли)

384198
Во Ајваџик кај Чанаккале фатени 325 илегални имигранти

Во населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале фатени 325 илегални имигранти кои се подготвувале да заминат за грчкиот остров Митилини (Мидилли).

Екипите на бродот за пребарување и спасување во сопственост на Командата на турската крајбрежна стража реализираа операција во селото Сивриџе и месноста Кадиргабурну кај градот Чанаккале.

Притоа во операцијата беа фатени 325 илегални имигранти од сириско, авганистанско и палестинско државјанство кои се подготвувале со гумени чамци да заминат за грчкиот остров Митилини (Мидилли).

Фатените имигранти беа донесени во месноста Ќучуккују и по законските процедури беа испратени во Центарот за депортирање во Одделот за странци при Полициската управа на населеното место Ајваџик од каде што ќе бидат депортирани.


Тагови:

Слични вести