Владина седница посветена на последните терористички настани

По седницата во владиниот дворец на Чанкаја со која претседаваше премиерот Ахмет Давутоглу изјава пристигна од заменик премиерот и портпарол на Владата Булент Аринч

346772
Владина седница посветена на последните терористички настани

Главна точка на дневниот ред на синоќешната седница на Владата беа последните терористички напади во земјата.

По седницата во владиниот дворец на Чанкаја со која претседаваше премиерот Ахмет Давутоглу изјава пристигна од заменик премиерот и портпарол на Владата Булент Аринч.

Велејќи дека несомнено главна точка на дневниот ред на седницата на Владата беа болните настани што се доживуваат во последните неколку дена, Аринч информираше дека ќе се формира интегриран пограничен безбедносен систем.

Аринч рече дека се истражува дали терористичкиот напад во градот Шанлиурфа во кој беа убиени двајца полицајци е извршен директно од страна на терористичката организација ПКК или од страна на други нејзини подгрупи, а исто така додаде дека извршителите на ова кукавичко убиство ќе ја платат сметката за тоа.

Булент Аринч подвлече дека се истражува и позадината во врска со ова убиство.

Укажувајќи на тоа дека Демократската партија на народите (ХДП) е страната која не стои на својот збор во процесот за решение што се води за ставање крај на тероризмот, Аринч истакна дека за продолжување на процесот Демократската партија на народите (ХДП) треба да упати повик за полагање на оружјето.

На критиките околу тоа дека не се води доволна борба против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) пак, Аринч одговори со поддршката што и се дава на меѓународната коалиција од страна на Турција и операциите кои што се водат по ова прашање.

Што се однесува на останатите актуелни теми, заменик премиерот и портпарол на владата Булент Аринч рече дека коалиционите разговори поминуваат корисно и ги повика сите партии да ја дадат својата поддршка на АК Партијата во нејзините активности за формирање на нова влада.


Тагови:

Слични вести