Специјален безбедносен состанок во владиниот дворец на Чанкаја

Премиерот Давутоглу по приемот на потсекретарот на националната разузнавачка служба МИТ Фидан и началникот на Генералштабот генерал на армија Озел претседаваше со специјалниот безбедносен состанок

384561
Специјален безбедносен состанок во владиниот дворец на Чанкаја

Премиерот Ахмет Давутоглу денеска во дворецот на Чанкаја најпрвин го прими министерот за култура и туризам Омер Челик кој ги води коалиционите разговори со Републиканската народна партија (ЏХП) и со кого направија проценка на последната точка до која е дојдено во активностите за формирање нова влада.

Давутоглу потоа одделно ги прими потсекретарот на националната разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан и началникот на Генералштабот генерал на армија Неџдет Озел.

По приемите во владиниот дворец на Чанкаја се одржа специјален безбедносен состанок со кој претседаваше премиерот Ахмет Давутоглу.

На овој критичен состанок беа поставени на маса терористичките настани кои што се доживуваат во последно време, пограничната безбедност и борбата против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

На состанокот учествуваа надлежни министри, потсекретарот на Националната разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан, началникот на Генералштабот генерал на армија Неџдет Озел, командантот на копнените сили генерал на армија Хулуси Акар и командантот на Жандармеријата генерал на армија Абдуллах Атај.



Тагови:

Слични вести