Соопштение од Генералштабот за судирот на сириската граница

Генералштабот на Р. Турција соопшти дека кај градот Килис на границата со Сирија дошло до вооружен судир во кој животот го загубил еден подофицер, двајца постари водници биле ранети, а бил убиен еден терорист на ДЕАШ

384539
Соопштение од Генералштабот за судирот на сириската граница

Од Генералштабот на Турција пристигна соопштение во врска со вооружениот судир кај градот Килис на границата со Сирија.

Во соопштението се истакнува дека во судирот животот го загубил еден подофицер, а двајца постари водници биле ранети, додека еден терорист припадник на ДЕАШ (ИДИЛ) бил убиен.

Во објавеното соопштение преку официјалната интернет страница на Генералштабот се вели дека инцидентот се случил во 13:30 часот според локално време.

Во соопштението се вели следното: „Од страна на пет мина вооружени терористи од областа под контрола на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) на сириската страна од границата беше отворен оган врз турските воени единици на пограничната караула Даг на првиот пограничен полк. Притоа во огнот животот го загуби еден подофицер, а двајца постари водници беа ранети.“

Во соопштението на Генералштабот се истакнува дека еден терорист припадник на ДЕАШ (ИДИЛ) бил убиен, а се подвлекува дека биле оштетени и три возила на терористите.


Тагови:

Слични вести