Обама го изрази своето сочувство до претседателот Ердоган

Американскиот претседател Обама го побара по телефон претседателот Ердоган до кого го изрази своето сочуство поради последните терористички напади

346771
Обама го изрази своето сочувство до претседателот Ердоган

Американскиот претседател Барак Обама го побара по телефон претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган до кого го изрази своето сочуство поради последните терористички напади во Турција.

Двајцата лидери нагласија дека Турција и САД се против секој вид тероризам.

Ердоган и Обама во телефонскиот разговор зборуваа за зајакнување на соработката што во моментов продолжува во борбата против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ), како и за напорите за воспоставување на безбедноста и стабилноста во Ирак и за изнаоѓање политичко решение за судирите во Сирија.

Американскиот претседател Барак Обама ги осуди терористичкиот напад во Суруч, како и убиството на еден војник и двајца полицајци во извршените терористички напади за кои одговорност презеде терористичката организација ПКК.

Двајцата лидери дискутираа и за напорите за зголемување на соработката во спречувањето на премините на странските борци и воспоставувањето на безбедноста на границата на Турција со Сирија.

Обама потврди дека САД и придаваат големо значење на националната безбедност на Турција.

Американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во телефонскиот разговор заклучија дека ќе продолжи блиската соработка помеѓу двете земји во однос на регионални прашања.


Тагови:

Слични вести