Напади врз турската војска и полиција во Килис и Дијарбакир

Во градот Килис беше отворен оган од сириска страна на границата врз турските погранични единици, а во градот Дијарбакир беше извршен вооружен напад врз екипно возило на сообраќајната полиција. Во нападите загинаа еден подофицер и еден полицаец.

384505
Напади врз турската војска и полиција во Килис и Дијарбакир

Во напади врз безбедносните сили во градовите Дијарбакир и Килис во југоисточниот дел на Турција животот го загубија еден подофицер и еден полицаец.

Во градот Килис на самата граница со Сирија беше отворен оган од спротивната страна на границата.

Во првиот отворен оган од областа под контрола на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) од сириска страна врз војниците на задача во пограничната караула Даг при Командата на петтата оклопна бригада животот го загуби подофицерот Јалчин Нане, а двајца војници беа повредени.

Веднаш беше возвратено на нападот.

По инцидентот турските безбедносни сили отворија оган на целите на спротивната страна на границата.

Во судирот на границата беше убиен еден милитант на терористичката ДЕАШ (ИДИЛ).

Во градот Дијарбакир пак беше извршен напад врз полицијата.

Во квартот Шехитлик во населеното место Јенишехир.

Едно лице кое побарало помош од полицијата преку телефон рекло дека дошло до сообраќајна несреќа побарало да биде испратена полициска екипа на местото на настанот.

По извесно време на опишаното место била испратена екипа на сообраќајната полиција.

Меѓутоа сообраќајната полиција видела дека на местото нема било каква сообраќајна несреќа и во моментот кога излегле од екипното биле нападнати од страна на двајца засега неидентификувани вооружени напаѓачи и западнале во вкрстен оган.

Еден полицаец беше ранет од главата, а друг од ногата и градите. И покрај интервенцијата еден од ранетите полицајци го загуби животот.

Како што се дознава здравсвената состојба и на вториот ранет полицаец била тешка.

Безбедносните сили започнаа операција од широки рамки во областа. Операцијата беше поддржана и од два хеликоптери.

Продолжува да се трага по двајцата маскирани вооружени напаѓачи.

 


Тагови:

Слични вести