Јалчин Акдоган ги осуди терористичките напади

Заменик премиерот Јалчин Акдоган во својата порака на Твитер го напиша следното: „Две терористички организации кои се во меѓусебен судир ја поставија Турција на мета и извршија подли напади

384566
Јалчин Акдоган ги осуди терористичките напади

Заменик премиерот Јалчин Акдоган во својата порака што ја напиша преку социјалната мрежа Твитер се осврна на терористичките напади кои што се доживуваат во последно време во земјата.

Акдоган го истакна следното: „Две терористички организации кои се во меѓусебен судир ја поставија Турција на мета и извршија подли напади. Нека се засрамат оние кои не го осудуваат секој вид тероризам. Го изразувам моето сочувство за нашиот подофицер и полициските службеници кои ги загубија животите во свирепите напади на терористичките организации ПКК и ДЕАШ (ИДИЛ).“

Заменик премиерот Јалчин Акдоган во пораката го додаде и следното: „Каква подлост е да се убијат полицајците додека спијат во својот дом, да се убие сообраќајниот полицаец кој е во услуга на народот и да се посегне по животот на војникот кој како син на народот ги чува нашите граници.“


Тагови:

Слични вести