Ердоган остро го проколна убиството на двајцата полицајци

Претседателот Ердоган истакна дека остро го проколнува убиството на двајцата полицајци од страна на терористичката организација ПКК во населеното место Џејланпинар кај градот Шанлиурфа

346828
Ердоган остро го проколна убиството на двајцата полицајци

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во својата писмена порака што ја објави во врска со терористичките напади во Шанлиурфа го истакна следното: „Срамна состојба е тоа што средините кои јасно велат дека го потпираат својот грб на терористичката организација остануваат безгласни пред ѕверските терористички акции на ПКК и кои не можат да ја покажат ниту храброста за осудување на нападите кои ги извршува истата.“

Ердоган истакна дека остро го проколнува убиството на двајцата полицајци од страна на терористичката организација ПКК во населеното место Џејланпинар кај градот Шанлиурфа.

„Нашата држава која е против секој вид тероризам вклучувајќи го и оној на ПКК и ДЕАШ ги мобилизира сите свои можности за пронаоѓање на извршителите на терористичкиот напад во Суруч во кој загинаа 32-јца наши граѓани и сторителите на убиството врз двајцата наши полицајци во населеното место Џејланпинар. Некои средини со тоа што ги затвораат своите очи пред кукавичките убиства на терористичката ПКК која ја презеде одговорноста за убиството на двајцата наши полицајци и згора на тоа се обидуваат оваа терористичка организација да ја прикажат како симпатична, со тоа отворено ги изнесуваат и своите намери. Нашиот честит народ кој верува дека тероризмот нема своја религија, секташка или национална припадност и дека ѕверството под никаков изговор не може да се оправда, исто така е свесен и за тоа дека не може да се искористи правото за избор меѓу било која терористичка организација.“ истакна претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.


Тагови:

Слични вести