Во Џејланпинар кај Шанлиурфа застрелани двајца полицајци

Во населеното место Џејланпинар кај градот Шанлиурфа двајца полицајци биле застрелани со куршум во главата во станот во кој живееле заедно

383723
Во Џејланпинар кај Шанлиурфа застрелани двајца полицајци

Во населеното место Џејланпинар кај градот Шанлиурфа беа застрелани двајца полицајци.

Кукавичкиот напад беше извршен од страна на едно или повеќе неидентификувани лица.

Двајцата полицајци биле пронајдени застрелани со куршум во главата во станот во кој живееле заедно.

Веднаш на местото на настанот биле испратени безбедносни сили кои започнаа обемна истрага во врска со кукавичкото убиство.

Засега не е објавено било какво официјално соопштение за тоа дали станува збор за поврзаност на нападот со терористички акт.

Валијата на Шанлиурфа Иззетин Ќучук истакна дека не биле пронајдени траги од насилно отворање на влезната врата на станот каде што биле убиени двајцата полицајци.

Валијата Ќучук рече дека полицајците биле застрелани со огнено оружје, но додаде дека продолжува истрагата во врска со мотивите на убиството.

Валијата Иззетин Ќучук информираше дека за случајот било дознаено откако двајцата полицајци не дошле на работа и нивните колеги отишле во станот во кој живееле.


Тагови:

Слични вести