Утврден идентитетот на терористот-самоубиец во Суруч

Со ДНА анализира установено е дека бомбашот-самоубиец, извршител на терористичкиот напад во Суруч кај Шанлиурфа е лицето по име Шејх Абдуррахман Алаѓоз

383805
Утврден идентитетот на терористот-самоубиец во Суруч

Со ДНА анализира установено е дека бомбашот-самоубиец, извршител на терористичкиот напад во населеното место Суруч кај градот Шанлиурфа е лицето по име Шејх Абдуррахман Алаѓоз.

По завчерашниот терористички напад за водење на истрагата на местото на нападот беа испратени четворујца јавни обвинители и 60 експерти за испитување на лице место на случајот.

По реализираните испитувања беше установено дека нападот бил извршен од страна на бомбаш-самоубиец со 5 килограми ТНТ експлозив и рачни бомби. За зголемување на разорното дејство на бомбата биле употребени и железни топчиња.

Екипите кои во испитувањата стоеја на можноста нападот да бил извршен од страна на жена бомбаш-самоубиец идентитетот на терористот кој го извршил нападот го утврдија со испитувањата реализирани на два прста пронајдени на местото на настанот.

Од ДНА анализата беше утврдено дека бомбашот-самоубиец бил 20 годишен студент Шејх Абдуррахман Алаѓоз заведен во матичната книга на родените во градот Адијаман.

Исто така се истражуваат и тврдењата околу тоа дека на местото на нападот се наоѓал и втор бомбаш-самоубиец или набљудувач и дека ова лице би можело да е жена.

Продолжуваат испитувањата за утврдување на второто сомнително лице, жена чие тело било распарчено во експлозијата.


Тагови:

Слични вести