Терористички напад во месноста Суруч кај Шанлиурфа

Според првите претпоставки во експлозијата загинаа 28, а над 100 лица се повредени

382776
Терористички напад во месноста Суруч кај Шанлиурфа

Околу 12 часот на пладне пред културниот центар Амара во месноста Суруч кај Шанлиурфа се случи силна експлозија.

Според првите претпоставки во експлозијата загинаа 28, а над 100 лица се повредени.

Првото официјално соопштение во врска со експлозијата беше објавено од страна на Министерството за внатрешни работи во кое беше истакнато дека се стравува од евентуалното зголемување на бројот на загинатите.

Во соопштението беше истакнато дека во околните болници биле пренесени околу 100 повредени.

Информацијата дека експлозијата во бавчата на културниот центар Амара за време на одржување на прес конференција од страна на еден од членовите на здружението, дека била самоубиствен напад ја објави гувернерот на Шанлиурфа Иззеттин Ќучук.

Гувернерот Ќучук на конференцијата за печатот рече дека од досега извршената истрага дефинитивно беше утврдено дека се работи за самоубиствен напаѓач. Во врска со прашањето дали се работи за 18 годишен напаѓач? Колку години имал, екипите сеуште точно не ја утврдија оваа информација, но продолжуваат со активностите.

Гувернерот Ѓучук меѓудругото додаде дека во врска со експлозијата сеуште не е приведено ниту едно лице и дека безбедносните сили продолжуваат со активностите.

Посмртните остатоци и повредените веднаш по експлозијата беа пренесени на хоспитализација во државната болница Суруч, а потешко повредените во болниците во Шанлиурфа.
Како последица на силната експлозија беа оштетени околните згради, а безбедносните сили ги зајакнаа мерките на безбедност во околината.


Тагови:

Слични вести